Морси погребан под засилени безбедносни мерки во Каиро

Египетската државна телевизија соопшти дека Мухамед Мурси имал бениген тумор поради што постојано бил под постојана медицинска контрола на надлежните

1220416
Морси погребан под засилени безбедносни мерки во Каиро

Првиот демократски избран претседател на Египет Мухамед Мурси беше погребан под засилени безбедносни мерки во Каиро.

Посмртните остатоци на Мурси беа погребани во гробиштата на населбата Мединер Наср во каиро каде што се погребуваат муршидите (исламски верски старешина) на Муслиманското братство.

На погребот што се одржа во 05:00 часот според локално време, освен семејството и адвокатот на Мурси немаше никој.

67 годишниот Мурси умре на вчерашното рочиште на судот на кое се разгледуваше обвинението за „шпионажа“.

Египетската државна телевизија соопшти дека Мухамед Мурси имал бениген тумор поради што постојано бил под постојана медицинска контрола на надлежните и смртта била предизвикана од срцев удар.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Организацијата Ихван односно Муслиманско братство беше упатен повик за формирање меѓународна комисија за истражување на смртта на Мурси.

„Мурси се држеше во  ќелија под многу тешки услови, беше лишен од основното право на лекување и беше препуштен на смрт. За смртта на Мурси одговорна е власта“ беше истакнато во соопштението на Ихван.



Слични вести