Во три одделни самоубиствени напади на Боко Харам во Нигерија загинаа 30 лица

Синоќа припадници на терористичката организација Боко Харам реализираа три одделни самоубиствени напади во провинцијата Борно во североисточниот дел на Нигерија, во кои животот го загубија 30 лица, а 45 лица се ранети

1219831
Во три одделни самоубиствени напади на Боко Харам во Нигерија загинаа 30 лица

Во реализирани самоубиствени напади од страна на терористичката организација Боко Харам во североисточниот дел на Нигерија животот го загубија 30 лица, а 45 лица се ранети.

Директорот на Агенцијата за управување со елементарни непогоди (СЕМА) на провинцијата Борно Усман Качала истакна дека синоќа припадници на терористичката организација Боко Харам реализираа три одделни самоубиствени напади во селото Мандарари во провинцијата.

Качала рече дека во овие напади животот го загубија вкупно 30 лица, а 45 лица се ранети.

Во акциите на колективно насилство на терористичката организација Боко Харам која во Нигерија делува од почетокот на 2000-дитите години, од 2009 година досега  животот го загубија повеќе од 20 илјади лциа.

Оваа терористичка организација од 2015 година досега реализира напади и во соседните земји Камерун, Чад и Нигер.

Во нападите на организацијата во басенот на Чадското езеро, животот го загубија најмалку 2 илјади лица. 

 

 



Слични вести