Предупредување од ОН: 3 милиони лица во Идлиб се изложени на ризик

Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) Филипо Гранди истакна дека треба да се зачува постигнатата спогодба за Идлиб помеѓу Турција и Русија и предупреди дека 3 милиони лица кои живеат во подрачјето на овој град се изложени на ризик

1219942
Предупредување од ОН: 3 милиони лица во Идлиб се изложени на ризик

Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) Филипо Гранди даде изјава за Новинската агенција Анадолија „АА“ (Anadolu Agency) каде што се осврна на жестоките напади на режимските сили и нивните поддржувачи врз цивилните населени места во „Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб“ во Сирија.

Гранди потсети дека треба да се зачува постигнатата спогодба за Идлиб помеѓу Турција и Русија и истакна дека 3 милиони лица кои живеат во подрачјето на градот Идлиб се изложени на ризик.

„Треба да се зачува спогодбата за Идлиб помеѓу Турција и Русија, бидејќи сме многу загрижени поради раселувањето кое што се појави во моментов. 3 милиони лица кои живеат во подрачјето на Идлиб се изложени на ризик. Тоа претставува проблем“ - рече Гранди.

Осврнувајќи се и на изјавата на координаторот за хуманитарна помош на ОН за Сирија Панос Моумтзис кој предупреди дека во случај на засилување на судирите во северниот дел на Сирија околу 2 милиони цивили би можеле да се обидат да влезат во Турција, Филипо Гранди напомена дека лично не одобрува да се изнесува било какво предвидување по ова прашање.

Инаку, и покрај потпишаната спогодба во Сочи на 17 септември 2018 година помеѓу Турција и Русија, сирискиот режим ги продолжува своите напади врз цивилните населени места во подрачјето на градот Идлиб во североисточниот дел на Сирија. 

Извори за Цивилна Одбрана (Белите Беретки) искануваат дека во нападите од 25 април досега животот го загубија 126 цивили, а повеќе од 325 се ранети.



Слични вести