Гутерес ги осуди терористичките напади во Кенија и Сомалија

Во објавеното соопштение од канцеларијата на портпаролството на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) се истакнува дека Антонио Гутерес ги осуди реализираните терористички напади во Кенија и Сомалија во кои имаше голем број загинати и ранети

1219431
Гутерес ги осуди терористичките напади во Кенија и Сомалија

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес ги осуди реализираните терористички напади во Кенија и Сомалија во кои имаше голем број загинати и ранети.

Во објавеното соопштение од канцеларијата на портпаролството на генералниот секретар на светската организација се истакнува дека Гутерес го осуди терористичкиот напад во кој во саботата во областа Важир во Кенија, возило во кое се наоѓаа полицајци налета на поставена бомба на патот при што загинаа 8 мина полицајви.

Во соопштението се потсетува дека во истата област во Кенија во петокот од страна на терористичката организација Еш-Шебаб беа киднапирани тројца полицајци.  

Во истото соопштение се вели дека генералниот секретар на организацијата Антонио Гутерес го осуди и терористичкиот напад во главниот град на Сомалија Могадишу во кој при експлозија на возило-бомба на еден контролен пункт загинаа 8 лица, а голем број беа ранети.

„Генералниот секретар го изразува своето најдлабоко сочувство до семејствата на убиените и до владите и народот на Кенија и Сомалија, а на ранетите им посакува побрзо оздравување.“ - се наведува во соопштението од  канцеларијата на портпаролството на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН).

Освен тоа во соопштението се подвлекува дека генералниот секретар на светската организација Антонио Гутерес нагласил дека Обединетите нации (ОН) се во солидарност со владите на Кенија и Сомалија во нивните напори за водење борба против тероризмот и екстремизмот кој што содржи насилство.



Слични вести