Владимир Путин: Во глобалната економска конкуренција се води војна без правила

Рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија (CICA) во Душанме се осврна на глобалните економски случувања и истакна дека во глобалната економска конкуренција се води војна без правила

1219078
Владимир Путин: Во глобалната економска конкуренција се води војна без правила

Рускиот претседател Владимир Путин во главниот град на Таџикистан, Душанбе, каде што допатува по повод 5. Самит на шефови на држави и премиери на влади на Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија (CICA), даде значајни изјави.

Путин во своето излагање на самитот се осврна на глобалните економски случувања и истакна дека во глобалната економска конкуренција се води војна без правила.

„За жал во период кога се разгоруваат трговските војни општо во светот, во тек се борби без правила со застрашување и елиминирање на своите конкуренти по пат на илегални методи. И сега како никогаш порано се значајни нашите напори за да се најде излез од оваа ситуација.“ - рече Путин.

Укажувајќи на значењето на улогата на Азија во глобалниот економски развој, рускиот претседател Владимир Путин рече: „Треба повторно да се воспостават довербата и праведната конкуренција меѓу земјите. Треба да ги кренеме протекционизмогт, санкциите и политичките ограничувања кај азиските земји и да ја зголемиме нашата трговија. Одлучни сме да ја продлабочиме соработката во сферата на инвестициите и индустријата во рамките на правилата на Светската трговска организација (СТО). Процесот на интеграција пак, со Евроазиската економска унија поддржана од земјите на CICA, Шангајската организација за соработка и проектот „Појас и пат“ на Кина, продолжува. Овие иницијативи се во полза на сите нас.“



Слични вести