Турција на списокот на земјите во кои руските полицајци ќе можат да дојдат на одмор

Во 2014 година на персоналот на МВР на Русија и некои други безбедносни установи им беше забрането да излезат надвор од земјата и да одат на одмор во странство

1218747
Турција на списокот на земјите во кои руските полицајци ќе можат да дојдат на одмор

Рускиот министер за внатрешни работи Владимир Колоколциев го потпиша указот според кој Турција беше вброена на списокот на земјите во кои руските полицајци ќе можат да одат на одмор.

Според веста на весникот комерсант, Колоколциев со потпишувањето на указот, Турција ја вброи на списокот на земјите во кои персоналот на Министерството за внатрешни работи на Русија ќе можат да одат на одмор.

На списокот беше вброен и Тајланд.

Во 2014 година на персоналот на МВР на Русија и некои други безбедносни установи им беше забрането да излезат надвор од земјата и да одат на одмор во странство.

По одреден период на персоналот на безбедносните установи им беше дозволено да одат во поранешните советски републики како што се Азербејџан, Ерменија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Белорусија, Туркменистан и Узбекистан како и Кина, Виетнам и Куба.



Слични вести