Трамп: Нападите врз танкерите во Оманскиот залив ги изврши Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп за извршените напади врз двата танкери за превезување нафта во Оманскиот залив го обвини Иран и истакна дека нападите биле извршени од страна на оваа земја

1218793
Трамп: Нападите врз танкерите во Оманскиот залив ги изврши Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс Њуз“ изјави дека нападите врз танкерите за превезување нафта во Оманскиот залив ги извршил Иран.

На прашањето „Како ќе го сопрете Иран?“, Трамп одговори со зборовите „Ќе видиме“.

Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на тоа дека Ормутскиот теснец нема да биде затворен и дека доколку и би бил затворен тоа нема да трае долго. 

Инаку, вчера во Оманскито залив дојде до експлозии на два големи танкери за превезување на нафта. 

44'јца членови на посадата на двата нафтени танкери беа спасени од страна на иранските екипи за пребарување и спасување и беа однесени во пристаништето Џаск во провинцијата Хурмузѓан во Иран.

Јапонскиот министер за економија, трговија и индустрија Хирошиге Секо соопшти дека два јтанкери на Јапонија кои што превезувале нафта биле нападнати во близина на Ормутскиот теснец.



Слични вести