Поради жестоките бомбардирања и овој петок не можеше да се клања џума намаз во Идлиб

Денеска почнувајќи уште од раните утрински часови воени авиони на Асадовиот режим и на Русија жестоко ги бомбардираат цивилните населени места во северозападниот дел на Сирија, поради што и овој петок не можеше да се клања џума намаз (петочната молитва)

1218817
Поради жестоките бомбардирања и овој петок не можеше да се клања џума намаз во Идлиб

Поради жестоките воздушни напади кои што ги реализираат режимот на Бешар Асад и неговиот поддржувач Русија врз цивилните населени места во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ во северозападниот дел на Сирија, и денеска не можеше да се клања џума намаз (петочната молитва).

Денеска почнувајќи уште од раните утрински часови воени авиони на Асадовиот режим и на Русија жестоко ги бомбардираат населените места Латамине, Кефер Зита и Ариха, како и селата Арбаин и Тел Мардих во подрачјата на градовите Идлиб и Хама.

Во овие воздушни напади, според добиени информации немаше загинати или ранети.

Локалните собранија на населеното место Кефренбил во подрачјето на градот Идлиб и населените места Латамине и Кефре Зита кај градот Хама соопштија дека поради тоа што се реализираат намерни воздушни напади врз населените места е откажан денешниот џума намаз (петочната молитва).

Џума намазот во овие населени места беше откажан поради исти причини и минатиот петок.

Инаку, подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија речиси уште од самиот почеток на граѓанската војна е во положба на тврдина на опозиционерите.

Моментално заедно и со внатрешното раселување бројот на населението во Идлиб достигна до 4 милиони лица и ова подрачје во март 2015 година премина под контрола на опозиционерите.

Подрачјето на градот Идлиб се наоѓа на чело на областите кои што од страна на сирискиот режим и неговите поддржувачи се подложени на најжестоко бомбардирање .

 



Слични вести