ОН во алармантна состојба поради засилувањето на судирите во северозападниот дел на Сирија

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарич истакна дека се во алармантна состојба поради жестоките судири во северозападниот дел на Сирија кои што почнаа да се засилуваат од април наваму

1218265
ОН во алармантна состојба поради засилувањето на судирите во северозападниот дел на Сирија

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарич на редовното дневно информирање на претставниците на медиумите, се осврна на нападите кои што продолжуваат во северозападниот дел на Сирија.

Дујарич истакна дека Обединетите нации се во алармантна состојба поради жестоките судири во северозападниот дел на Сирија кои што почнаа да се засилуваат од април наваму. 

„Обединетите нации (ОН) ги повикуваат сите завојувани страни целосно да се придружуваат кон постигнатиот договор за прекин на огнот во септември помеѓу Турција и Русија.“ - рече Дујарич.

Велејќи дека Обединетите нации (ОН) се во алармантна состојба поради хуманитарните влијанија на вооружените судири во северозападниот дел на „Зоната за намалување на затегнатоста“ во Сирија и особено на северот на Хама и југот на Идлиб, Дујарич потсети дека во нападите во подрачјето кои што продолжуваат од 28 април досега животот го загубија 231 цивил од кои 69 жени и 81 дете.

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарич подвлече дека повеќе од 300 илјади цивили во подрачјето се принудени да се засолнат во камповите во близина на границата со Турција и го додаде следното: „Обединетите нации (ОН) ги повикуваат сите завојувани страни целосно да се придржуваат кон постигнатиот договор за прекин на огнот во септември помеѓу Турција и Русија. Освен тоа апелираме до сите страни во рамките на меѓународното право да ги одбранат цивилите и цивилната инфраструктура и да покажуваат почит кон принципите на пропорционалност.“



Слични вести