Либиската влада ја повика ЕУ да изврши притисок врз земјите кои го поддржуваат генералот Хафтар

Претседателот на претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија Фајез ал Сараџ разговараше телефонски со високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини

1218694
Либиската влада ја повика ЕУ да изврши притисок врз земјите кои го поддржуваат генералот Хафтар

Претседателот на претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија Фајез ал Сараџ ја повика Европската унија (ЕУ) да изврши притисок врз земјите кои му обезбедуваат оружје и финансиска поддршка на пензионираниот генерал Халифа Хафтар.

Според објавеното соопштение од канцеларијата на Претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија, Фајез ал Сараџ остварил телефонски разговор со високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.

Во телефонскиот разговор биле разгледани влијанијата на нападите на силите на генералот Халифа Хафтар врз главниот град Триполи и Сараџ ја повикал Европската унија (ЕУ) да изврши притисок врз земјите кои му обезбедуваат оружје и финансиска поддршка на Хафтар.

Претседателот на претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија Фајез ал Сараџ исто така го изрази задоволството од заедничкото објавено соопштение на земјите членки на Европската унија (ЕУ) во кое се осудуваат нападите врз Триполи.

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини во телефонскиот разговор исто така истакна дека ЕУ работи за постигнување на прекин на огнот и за враќање назад на процесот за изнаоѓање политичко решение за кризата.

Инаку, водачот на воените сили во источнот дел на Либија генералот Халифа Хафтар на 4 април издаде наредба за напад  за заземање на главниот град Триполи, а потоа единиците на Владата на национално единство ја започнаа операцијата „Буркан ал-Гадаб“ (Вулкан на гневот).

 

 



Слични вести