Во жестоките напади на Асадовиот режим врз населените места во Идлиб загинаа четворица цивили

Според добиени информации од екипите за Цивилна Одбрана, во реализираниот копнен напад во утринските часови од страна на режимот врз селото Мука во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“, животот го загубија четворица цивили

1218004
Во жестоките напади на Асадовиот режим врз населените места во Идлиб загинаа четворица цивили

Во жестоките напади на режимот на Бешар Асад врз цивилните населени места во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“, животот го загубија четворица цивили.

Режимските сили реализираа копнени и возудшни напади врз населеното место Хан Шејхун и селата Амирије и Мука во подрачјето на градот Идлиб и населеното место Кефер Зита во подрачјето на градот Хама.

Според добиени информации од екипите за Цивилна Одбрана (Белите Беретки), во реализираниот копнен напад од страна на режимот врз селото Мука во утринските часови животот го загубија четворица цивили.

На тој начин, во реализираните копнени и воздушни напади од страна на Асадовиот режим и неговиот поддржувач Русија врз населените места во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ во последните 4 дена загинаа вкупно 32'јца цивили.

Во меѓувреме, портпаролот на армијата Наср од составот на Слободната сириска армија (ССА) Мухамед Рашид истакна дека не станува збор за постигнат прекин на огнот помеѓу воените опозиционери и Асадовиот режим.

Рашид рече: „Преку социјалната медија се прошири една вест за постигнат прекин на огнот која што не е точна. Помеѓу Асадовиот режим и воените опозиционери не е воспоставен било каков прекин на огнот. Режимот и неговите поддржувачи во последните 3 дена убија повеќе од 30 цивили од кои повеќето деца.“

Велејќи дека вестите за постигнат прекин на огнот кои што не се точни, се шират намерно во период кога воените опозиционери напредуваат пред режимот, Рашид рече: „Овие видови лажни вести се шират за да му се овозможи на режимот да добие во време. Со тоа се има за цел да се обезбеди Асадовиот режим да ги одржува и подготвува своите воени авиони и да испрати дополнителни единици.“

Во меѓувреме, сириските воени опозиционери и вооружените групи кои се борат против режимот ги одбија нападите и го сопреа напредувањето на силите составени од Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран на југот на градот Идлиб и зазедоа 4 нивни позиции во оваа област.

Инаку, подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија речиси уште од самиот почеток на граѓанската војна е во положба на тврдина на опозиционерите.

Моментално заедно и со внатрешното раселување бројот на населението во Идлиб достигна до 4 милиони лица и ова подрачје во март 2015 година премина под контрола на опозиционерите.

Подрачјето на градот Идлиб се наоѓа на чело на областите кои што од страна на сирискиот режим и неговите поддржувачи се подложени на најжестоко бомбардирање .

 



Слични вести