Во вооружени напади во Нигерија загинаа 47 лица, а голем број се ранети

Неидентификувани вооружени лица извршија напади врз неколку села во провинцијата Нигер во Нигерија во кои како што се вели загинаа 47 лица, а има и голем број ранети

1217930
Во вооружени напади во Нигерија загинаа 47 лица, а голем број се ранети

Во реализирани вооружени напади во провинцијата Нигер во западноафриканската држава Нигерија животот го загубија 47 лица, а голем број се ранети.

Директорот на Агенцијата за итни состојби за провинцијата Нигер во Нигерија (СЕМА) Малам Салиху Гарба истакна дека вооружени лица чиј идентитет се уште не е познат извршиле напади врз селата Кваки, Ажатаји, Гваса, Барден Даваки, Гјамамија и Алева и дека моментално се пронајдени мртвите тела на 47 лица, а има и голем број ранети.

Истиот функционер напомена дека во областа ги напуштиле своите домови приближно 2 илјади семејства и рече: „Само 500 од нив можеа да се сместат за привремено во кампот Ерена. Овие луѓе имаат потреба од хуманитарна помош.“

Тој додаде дека ранетите се наоѓаат на лекување и дека е започната истрага во врска со нападите.



Слични вести