Во Германија приведени 4 полицајци

Приведените полицајци не нелегален начин од полицијата прокриумчариле над 10 илјади куршуми.

1217927
Во Германија приведени 4 полицајци

Во Германија беа приведени 4 полицајци поради обвинување за набавка муниција за екстремно десничарската организација „Препер“.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Јавното обвинителство на Шверин беше истакнато дека биле приведени 3 активни и 1 поранешен полицаец, вкупно 4 полицајци поради прекршување на законот за оружје и организирана измама.

Во рамките на истрагата беше утврдено дека приведените полицајци од 2012 година наваму од Управата за криминал на провинцијата Мекленбург-Западна Померанија почнале да складираат муниција и истата му ја предавале на лицето кое имало контакт со приврзаниците на тајната организација „Препери“.

Во веста која што беше објавена во германските медиуми е истакнува дека тајната група „Препери“ се подготвувале за еден посебен ден наречен „Икс“ кога планирале да извршат атентати врз политичарите, да предизвикаат граѓанска војна, за да веднаш потоа извршат воен удар и да ја преземат управата и контролата со власта. Во информациите и вестите кои беа објавени во јавноста се истакнува дека приведените полицајци не нелегален начин од полицијата прокриумчариле над 10 илјади куршуми.



Слични вести