Ле Дриан ги демантираше вестите за распоредување на француски војници во кипарско-грчкиот дел

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан истакна дека не станува збор за распоредување на француски војници во јужната кипарско-грчка управа.

1218026
Ле Дриан ги демантираше вестите за распоредување на француски војници во кипарско-грчкиот дел

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан во рамките на својата официјална посета на Анкара каде што допатува денеска оствари средба лице в лице со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, а потоа беа одржани меѓуделегациски разговори.

Потоа двајцата шефови на дипломатии, Чавушоглу и Ле Дриан одржаа заедничка прес конференција.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан во оваа пригода меѓу другото се осврна и на тврдењата кои што се појавија во кипарско-грчкиот печат, а во врска со тоа дека „Франција ќе формира своја база во јужната кипарско-грчка управа и ќе го доведе во трајна состојба своето воено присуство овде“.

Ле Дриан истакна дека не станува збор за распоредување на француски војници во јужната кипарско-грчка управа.

„Апсолутно не планираме да формираме француска база или да распоредиме француски воени единици (во кипарско-грчкиот дел). Би можел да го кажам тоа дека кипарско-грчкиот печат грешат по ова прашање.“ - рече францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан

 



Слични вести