Хасан Рухани: Јапонија сака да продолжи да купува нафта од Иран

Иранскиот претседател Хасан Рухани одржа заедничка прес конференција со јапонскиот премиер Шинзо Абе кој допатува во официјална посета на Техеран на која истакна дека Јапонија сака да продолжи да купува нафта од неговата земја

1217602
Хасан Рухани: Јапонија сака да продолжи да купува нафта од Иран

Иранскиот претседател Хасан Рухани и јапонскиот премиер Шинзо Абе кој допатува во официјална посета на Техеран по средбата лице в лице се појавија пред камерите и одржаа заедничка прес конференција.

Во оваа пригода Хасан Рухани истакна дека Јапонија сака да продолжи да купува нафта од неговата земја и дека Јапонија исто така го поддржува продолжувањето на нуклеарниот договор.

Тој напомена дека јапонскиот премиер Шинзо Абе постигнатиот нуклеарен договор меѓу Иран и земјите од групата 5+1 го оценува за корисен од аспект на регионот и светот.

Привлекувајќи внимание на тоа дека Иран и Јапонија веруваат во потребата од искористување на нуклеарната технологија со мирољубиви цели и дека и двете земји се против нуклеарното оружје, Рухани рече: „ Јапонија сака да продолжи да купува нафта од Иран и да се решат културните, умерените и финансиските прашања. Оваа состојба ќе може да го определи развојот на билатералните односи.“ 

Рухани напомена дека со јапонскиот премиер Абе разговарале во врска со инвестирањата кои што ќе ги реализира Јапонија на јужните брегови на Иран и особено во Чабахар и Мекран, а воедно наведе дека инвестирањата кои што Токио посакува да ги реализира ќе обезбедат развој на односите помеѓу двете земји.

Иранскиот претседател Хасан Рухани додаде дека со својот гостин јапонскиот премиер Шинзо Абе преговарале и за прашања посветени на повторната изградба на Сирија и поддршката на решавањето на кризата во Јемен.

Јапонскиот премиер Шинзџо Абе пак, на заедничката прес конференција истакна дека денеска постои висока тензија на Блискиот исток и ја нагласи потребата „по секоја цена да се спречи воениот конфликт“.

„Мирот на Блискиот исток е од суштинско значење за целиот свет, а не само за овој регион. Иран треба да одигра конструктивна улога за да не дојде до поголемо зголемување на тензијата во регионот.“ - рече Абе.

Велејќи дека неговата земја ја оценува позитивно соработката на Иран со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и е на страната на нејзино продолжување, јапонскиот премиер Шинзо Абе го додаде следното: „Сакаме Иран да остане посветен на нуклеарниот договор. Јапонија е одлучна да ја одигра максимално својата улога за намалување на тензијата во регионот.“



Слични вести