Екстремно десничарите во Европскиот парламент го променија своето име

Групата Европа на нациите и слободата (ЕНФ) со учество и на некои други екстремно десничарски партии од Австрија, Финска и Данска меѓу кои и Партијата Алтернатива за Германија (АфД), го промени своето име во Идентитет и демократија (ИД)

1218208
Екстремно десничарите во Европскиот парламент го променија своето име

Групата Европа на нациите и слободата (ЕНФ) која е составена од екстремно десничарските и популистички партии во Европскиот парламент (ЕП), по своето проширување со нови членови го промени своето име во Идентитет и демократија (ИД).

Групата Европа на нациите и слободата (ЕНФ) во која членуваат Партијата за национално единство на францускиот екстремно десничар Марин Ле Пен и Партијата Лига на заменикот италијански премиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини, со учество и на некои други екстремно десничарски партии од Австрија, Финска и Данска меѓу кои и Партијата Алтернатива за Германија (АфД), стана т.ј. е трансформирана во Идентитет и демократија (ИД).

На тој начин, оваа политичка група во која членуваат есктремно десничарите бројот на своите пратенички места во Европскиот парламент (ЕП) од 58 го зголеми на 73 и стана петта по големина политичка група во Европарламентот.

Претходно и либералната група во Европскиот парламент (ЕП), Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) соопшти дека го променува своето име во „Обнови ја Европа“.

 



Слични вести