Гутерес: За спречување на конфликтите и посредување мора да постојат поголеми политички обиди

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес истакна дека спречувањето на конфликтите и посредувањето нема да вредат за ништо без да постојат поголеми политички обиди

1217669
Гутерес: За спречување на конфликтите и посредување мора да постојат поголеми политички обиди

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) се состана на седница под наслов „Спречување на конфликтите и посредувањето“.

Во говорот што го одржа во оваа пригода пред присутните генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес истакна дека спречувањето на конфликтите и посредувањето нема да вредат за ништо без да постојат поголеми политички обиди.

Нагласувајќи дека спречувањето на конфилктите и посредувањето се две значајни инструменти за стишување на болките на човештвото, Гутерес рече: „Ако стапиме во акција навремено, однапред (рано) и го воспоставиме единството би можеле да ги спречиме кризите без да кулминираат, би можеле да спасиме животи и да ги стишиме болките на човештвото.“

Генералниот секретар на светската организација појасни дека Обединетите нации (ОН) продолжуваат да работат со цел да се спречат конфликтите и за посредување.

„И покрај сите наши напори, постојат сериозни препреки пред мирот. Поделеноста кај меѓународната заедница значи дека ќе продолжат да се вжештуваат војните.“ - рече Гутерес.

Велејќи дека одблизу ја следи кризата во внецуела и нејзините хуманитарни влијанија, Антонио Гутерес напомена дека ја поддржува потрагата по мирољубиво решение за кое што ќе се преговара и постигне помеѓу главните политички актери во Венецуела.   

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес се осврна и на кризата во Сирија во врска со што рече: „Се соочуваме со нестабилност, насилство и сценарио на циклус на болка кои што продолжуваат во Сирија.“

Гутерес истакна дека хуманитарната и финансиската сметка на судирите е голема и го додаде следното: „Да не се залажуваме себе си. Спречувањето на конфликтите и посредувањето нема да вредат за ништо без да постојат поголеми политички обиди. Ги повикувам членките на Советот за безбедност на Обединетите нации и сите земји членки на Организацијата на обединетите нации на борба за поголемо единство, на тој начин би можеле да бидат колку повлијтелни напорите за спречување на конфликтите и посредувањето.“

 



Слични вести