Демантирани вестите за прекин на огнот во Идлиб: Продолжуваат нападите врз цивилните населени места

Асадовиот режим од вчера вечер реализира жестоки напади од копно и од воздух врз населените места Хан Шејхун и Кефренбил, месноста Теменија и врз селата Термела, Абидин, Маратхирма и Сфухен во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“

1217940
Демантирани вестите за прекин на огнот во Идлиб: Продолжуваат нападите врз цивилните населени места

Во период кога продолжуваат жестоките напади на режимот на Бешар Асад врз цивилните населени места во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ во Сирија, се демантираат и тврдењата за воспоставен прекин на огнот.

Асадовиот режим од вчера вечер реализира жестоки напади од копно и од воздух врз населените места Хан Шејхун и Кефренбил, месноста Теменија и врз селата Термела, Абидин, Маратхирма и Сфухен во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“.

Нападите продолжуваат, меѓутоа засега нема информации за загинати или ранети.

Портпаролот на армијата Наср од составот на Слободната сириска армија (ССА) Мухамед Рашид истакна дека не станува збор за постигнат прекин на огнот помеѓу воените опозиционери и Асадовиот режим.

Рашид рече: „Преку социјалната медија се прошири една вест за постигнат прекин на огнот која што не е точна. Помеѓу Асадовиот режим и воените опозиционери не е воспоставен било каков прекин на огнот. Режимот и неговите поддржувачи во последните 3 дена убија повеќе од 30 цивили.“

Велејќи дека вестите за постигнат прекин на огнот кои што не се точни, се шират намерно во период кога воените опозиционери напредуваат пред режимот, Рашид рече: „Овие видови лажни вести се шират за да му се овозможи на режимот да добие во време. Со тоа се има за цел да се обезбеди Асадовиот режим да ги одржува и подготвува своите воени авиони и да испрати дополнителни единици.“

Инаку, подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија речиси уште од самиот почеток на граѓанската војна е во положба на тврдина на опозиционерите.

Моментално заедно и со внатрешното раселување бројот на населението во Идлиб достигна до 4 милиони и ова подрачје во март 2015 година премина под контрола на опозиционерите.

Подрачјето на градот Идлиб се наоѓа на чело на областите кои што од страна на сирискиот режим и неговите поддржувачи се подложени на најжестоко бомбардирање .



Слични вести