Борис Џонсон со најмногу освоени гласови во првиот круг од изборите за нов наследник на Меј

На гласањето за избор на новиот лидер на владејачката Конзервативна партија во Велика Британија Борис Џонсон освои 114 гласа и стана најголемиот претендент за лидерската позиција на партијата и воедно нов британски премиер

1218148
Борис Џонсон со најмногу освоени гласови во првиот круг од изборите за нов наследник на Меј

Во првиот круг од лидерската трка за избор на нов претседател на владејачката Конзервативна партија во Велика Британија, најголем број гласови доби поранешниот министер за надворешни работи и поранешен градоначалник на Лондон Борис Џонсон.

На гласањето на кое учествуваа 313 пратеници на Конзервативната партија во Долниот дом на Парламентот, Борис Џонсон освои 114 гласа, а по него следуваат актуелниот министер за надворешни работи Џереми Хант со освоени 43 гласа, министерот за екологија Мајкл Гоув со 37, поранешниот министер за Брегзит Доминик Рааб со 27, министерот за внатрешни работи Сајид Џавид 23, министерот за здравство Мет Ханкок 20 и министерот за меѓународен развој Рори Стјуарт со освои 19 гласа.

Тројцата кандидати пак, Андреа Лидсом, Марк Харпер и Естер Меквеј кои во првиот круг останаа под прагот (баражот) од 17 гласови испаднаа од трката.

Вториот круг од гласањето во Долниот дом ќе се одржи на 17 јуни.

Овие кругови ќе продолжат се додека да останат двајцата кандидати кои ќе освојат најголем број гласови на пратениците.

Последните двајца кандидати со освоени најголем број гласови на пратениците пак, потоа ќе се натпреваруваат на гласањето што ќе се одржи по пошта, а на кое ќе учествуваат приближно 125 илјади членови на Конзервативната партија.

Името на новиот лидер на партијата кој воедно ќе стане и нов премиер на Велика Британија ќе биде соопштено на 28 јули.

За време на целиот овој процес за избор на новиот лидер, должноста лидер на Конзервативната партија и премиер на државата ќе продолжи да ја извршува Тереза Меј.

Инаку, Тереза Меј откако нејзиниот постигнат договор за Брегзит (одделување на Велика Британија од ЕУ) со Европската унија (ЕУ) 3 пати беше отфрлен во Парламентот, не можеше да им оддолее на притисоците на опозицијата внатре во Конзервативната партија и минатиот месец поднесе оставка од лидерската позиција на партијата.



Слични вести