Во синоќешните воздушни напади врз населени места во Идлиб загинаа 8 цивили

Воени авиони на Асадовиот режим синоќа извршија жестоки воздушни напади врз селата Кефер Ајн, Хас и Тебиш јужно од градот Идлиб во кои животот гоз агубија 8 клица, а се стравува од зголемување на бројот на жртвите

1217161
Во синоќешните воздушни напади врз населени места во Идлиб загинаа 8 цивили

Во реализираните воздушни напади синоќа од страна на воени авиони на режимот на Бешар Асад врз цивилните населени места во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ во Сирија, животот го загубија 8 цивили. 

Воени авиони на Асадовиот режим синоќа извршија жестоки воздушни напади врз селата Кефер Ајн, Хас и Тебиш јужно од градот Идлиб.

Според добиени информации од екипите за Цивилна Одбрана (Белите Беретки), во нападите  ги загубија вкупно 8 цивили од кои 2 во селото Хас, 1 во Тебиш и 5 лица во Кефер Ајн на југот на Идлиб.

Екипите за Цивилна Одбрана истакнуваат дека реализираните воздушни напади во селото Кефер Ајн биле многу жестоки  и дека може да се зголеми бројот на загинатите.

Инаку, во реализираните копнени и воздушни напади од страна на Асадовиот режим и нивниот поддржувач Русија врз населените места во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ во последните 3 дена животот го загубија 28 цивили.



Слични вести