Либералите во ЕП го променија името

Новото име на групата гласи „Обнови ја Европа“ (Renew Europe)

1217447
Либералите во ЕП го променија името

Третата голема политичка група во Европскиот парламент (ЕП) либералната Алијанса на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) соопшти дека го промени името. Новото име на либералите гласи „Обнови ја Европа“.

Во пораката што беше објавена од страна на АЛДЕ преку официјалниот профил на твитер беше истакнато дека новото име на групата гласи „Обнови ја Европа“ (Renew Europe).

Либералите на последните избори покажаа голем успех и во споредба со претходните избори за ЕП, бројот на пратеничките места го зголемија за 37 отсто односно достигнаа 105 пратеници и во парламентот станаа трета најголема политичка група.

Додека на изборите за ЕП што се одржаа од 23 до 26 мај во 28 земји членки на ЕУ, Европската народна партија (ЕПП) и Соцојалдемократите (СД) изгубија поголем број пратенички места, екстремно десничарските популистички партии, либералите и Зелените зајакнаа.

На 2 јули со работа ќе започне новиот состав на Европскиот парламент кој се состои од 751 пратеници.



Слични вести