Климатските промени во наредните 10 години можат да претставуваат закана за светскиот мир

Институтот за економија и мир со седиште во Австрија (IEP) соопшти дека природните извори кои што поради климатските промени постојано се намалуваат и масовните миграции (иселувања) би можеле да станат причина за спорови и конфликти меѓу земјите

1217286
Климатските промени во наредните 10 години можат да претставуваат закана за светскиот мир

Климатските промени во наредните 10 години можат да претставуваат закана за светскиот мир.

Според годишниот извештај за мир објавен од страна на Институтот за економија и мир (IEP) со седиште во Австрија, природните извори кои што поради климатските промени постојано се намалуваат и масовните миграции (иселувања) би можеле да станат причина за спорови и конфликти меѓу земјите.

Во извештајот се истакнува дека поради глобалното затоплување приближно една милијарда луѓе живеат во области со висок ризик и се нагласува дека приближно 40 отсто од овие луѓе живеат во земји во кои моментално владеат конфликти и проблеми.

Се укажува на тоа дека фактори како што се немаштијата, елементарните непогоди и масовните миграции (иселувања) кои што би можеле да се појават особено поради брзите климатски промени би можеле да ги зголемат конфликтите меѓу земјите.

Во веста на весникот „The Japan Times“ каде што им се одделува место на ставовите на претседателот на Управниот одбор на Институтот за економија и мир (IEP) Стив Килелеа, се подвлекува дека во наредните 10 години глобалното затоплување и поврзано со тоа климатските промени ќе дојдат во состојба на значаен проблем и дека затоа климатските промени се додадени во извештајот како закана против глобалниот мир.

Исто така и генералниот директор на Институтот за светски ресурси Маниш Бапна нагласи дека проблемите кои што се појавуваат поради климатските промени доведуваат до растечка закана за светскиот мир.

Бапна додаде дека на интензивен начин треба да се преземат мерки против оваа закана.



Слични вести