Епидемијата на колера во Етиопија одзеде 16 животи

Заменик директорот на Институтот за јавно здравје Бејене Могес истакна дека во провинциите Оромија, Амхара и Тиграј, на чело на главниот град Адис Абаба, се заболени од колера 525 лица од кои починаа 16 лица

1217048
Епидемијата на колера во Етиопија одзеде 16 животи

Поради епидемија на колера која што се појави во Етиопија починаа 16 лица.

Заменик директорот на Институтот за јавно здравје Бејене Могес во дадената изјава за претставниците на локалниот печат истакна дека во провинциите Оромија, Амхара и Тиграј, на чело и со главниот град Адис Абаба, се заболени од колера 525 лица.

Велејќи дека досега од заболените животот го загубија 16 лица, Могес рече дека во областите каде што се евидентирани случаи на болни е испратена итна помош во лекови и други видови медицински материјали.

Освен тоа Могес нагласи дека поголемиот дел од смртните случаи биле во провинцијата Амхара.

Колерата е болест до која што доаѓа со појава на инфекција со паразити во тенките црева со бактеријата наречена Вибрио, повеќе се шири преку нечиста вода за пиење и храна измиена со загадена вода.

Бактериите кои што стануваат причина за симптоми како што се пролив, болки во стомакот, оток и повраќање, 6 до 48 часа откако ќе влезат во човечкото тело стануваат причина за појава на оваа заразна болест, наречена колера.



Слични вести