Германската влада ги осуди нападите врз џамии во земјата

Портпаролот на германската влада Стефан Сеиберт ги осуди извршените напади врз џамиите во земјата

1217465
Германската влада ги осуди нападите врз џамии во земјата

Портпаролот на германската влада Стефан Сеиберт на одржаната прес конференција во главниот град Берлин одговараше на прашањата на Новинската агенција Анадолија (АА) во врска со нападите врз џамиите во земјата кои што се во подем во последно време и ги осуди овие напади. 

На едно поставено прашање во врска со тоа како германската влада води борба против нападите врз џамиите и муслиманите, Сеиберт рече: "Секако во име на федералната влада би можел да го кажам тоа дека го осудуваме секој напад против верските објекти на муслиманите и слободното исполнување на своите верски обреди во Германија."

Привлекувајќи внимание кон случајот со кинење на муслиманската света книга Куранот и неучтивото однесување во една џамија во градот Бремен, Сеиберт напомена дека нема да се замижи пред овие видови напади против оние кои на мирољубив начин ги извршуваат своите верски објекти.

На потсетување на барањето на муслиманските здруженија од германската влада за назначување на една личност за  водење борба со непријателството кон исламот, Сеиберт рече дека не бил информиран во врска еден ваков предлог.

Портпаролот на германската влада Стефан Сеиберт укажа на значењето политичарите и граѓанските организации да презентираат јасен став против овие видови напади и да го изнесуваат тоа дека овие однесувања се против вредностите.

На состанокот за претставниците на печатот учествуваше и портпаролот на Министерството за внатрешни работи Стев Алтер кој истакна дека овие видови настани се следат од страна на безбедносните единици на покраините и се споделуваат информации помеѓу покраините.



Слични вести