Бареис: „Имаме извонреден потенцијал за соработка во сферата на енергијата, транспортот и туризмот“

Томас Бареис во рамките на Турско-германскиот енергетски форум се ангажира за активностите во име на Германија

1216863
Бареис: „Имаме извонреден потенцијал за соработка во сферата на енергијата, транспортот и туризмот“

Заменик германскиот министер за економија и енергетика Томас Бареис рече дека потенцијалот на соработката со Турција во сферата на енергијата, транспортот и туризмот е огромен.

Во врска со претстојната посета на германскиот заменик министер за економија и енергетика Томас Бареис на Турција беше објавено писмено соопштение.

Во соопштението беше истакнато дека Баерис во Анкара ќе се состане со турските претставници и ќе оствари билатерални средби на кои заеднички фокус ќе бидат можностите за инвестирање на германските компании во Турција како и развојот на соработката во проширувањето на инфраструктурата на железниците.

Томас Бареис во рамките на Турско-германскиот енергетски форум се ангажира за активностите во име на Германија. На средбите во рамките на посетата ќе бидат разгледани можностите за зголемување на енергетската продуктивност проектите за обновлива енергија.

Заменик министерот Бареис на турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез му ја достави поканата на германскиот министер за економија и енергија Петер Алтмаиер по повод Турско-германскиот енергетски форум што ќе се одржи на 23 октомври 2019 во Берлин.

Заменик министерот на германската влада Бареис е одговорен за туризмот и во рамките на средбите беа разменети мислења во врска со можностите за продлабочување на меѓусебната соработка во идната туристичка сезона.



Слични вести