Во нападите врз населените места во подрачјето на Идлиб од вчера попладне досега загинаа 20 цивили

Бројот на загинатите цивили во нападите на Асадовиот режим и Русија врз населените места во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ од вчера од попладневните часови досега се зголеми на 20 лица, а од прексиноќа досега загинаа 26 лица

1216075
Во нападите врз населените места во подрачјето на Идлиб од вчера попладне досега загинаа 20 цивили

Во реализираните напади од страна на воени авиони на Асадовиот режим и Русија врз населените места во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ во Сирија, од вчера досега животот го загубија 20 цивили. 

Според добиени информации од екипите за Цивилна одбрана (Белите Беретки), бројот на загинатите цивили во реализираните напади од вчера од попладневните часови досега се зголеми на 20 лица, а од прексиноќа досега загинаа 26 лица.

Подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија речиси од самиот почеток на граѓанската војна е тврдина на опозиционерите.

Со внатрешното раселување бројот на населението во градот Идлиб достигна до 4 милиони и откако во март 2015 година подрачјето на градот премина под контрола на опозиционерите се најде на чело на местата кои што се подложени на најжестоките напади на сирискиот режим.

Турција, Русија и Иран на состанокот во Астана (сегашен Нур-Султан) на 4 и 5 мај 2017 година градот Идлиб и подрачјето ги прогласија за „Зона за намалување на затегнатоста“, т.ј. „Зона за деескалација“.

Меѓутоа, извори за Цивилна одбрана соопштуваат дека само во минатомесечните (во мај) реализирани воздушни и копнени напади од страна на Асадовиот режим, странските терористички групи поддржани од Иран и Русија, животот го загубија 231 цивил од кои 59 деца, а 659 цивили беа ранети.



Слични вести