„Росатом“ најави отворање на своја филијала во саудискиот главен град Ријад

Во објавеното соопштение од „Росатом“ се истакнува на одржаниот меѓувладин состанок во Москва помеѓу Русија и Саудиска Арабија посветен на економските и трговските односи помеѓу двете земји е одлучено да биде отворена филијала на „Росатом“ во Ријад

1216124
„Росатом“ најави отворање на своја филијала во саудискиот главен град Ријад

Руската државна корпорација за атомска енергија „Росатом“ соопшти дека ќе отвори своја филијала во главниот град на Саудиска Арабија Ријад, а со цел да учествува во проектите за нуклеарна енергија во оваа земја.

Во објавеното соопштение од „Росатом“ се наведува дека во Москва се одржа меѓувладин состанок помеѓу Русија и Саудиска Арабија посветен на економските и трговските односи помеѓу двете земји. 

Во соопштението се истакнува дека на состанокот Русија ја претставуваше министерот за енергија Александар Новак и се вели дека Русија посакува да ја развие соработката со Саудиска Арабија во сферата на искористувањето на нуклеарната енергија со мирољубиви цели и дека во тие рамки во Ријад ќе биде отворена филијала на руската државна корпорација за атомска енергија „Росатом“.

Во меѓувреме, и министерот за енергија, индустрија и рудни ресури на Саудиска Арабија Халид ал Фалих по меѓувладиниот состанок изјави за новинарите дека „Росатом“ ќе биде поканета за да учествува на тендерот на првата нуклеарна постројка за која што се планира да се изгради во Саудиска Арабија.

Инаку, Руската државна корпорација за атомска енергија „Росатом“ како една од најголемите компании за нуклеарна технологија во светот, учествува во 42 проекти на нуклеарни реактори низ светот меѓу кои се наоѓа и Централата за нуклеарна моќ Аккују во Турција.



Слични вести