Пожарите во областите под окупација на ЈПГ/ПКК во Сирија закана за нафтените постројки

Пожарите во областите кои што се наоѓаат под окупација на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија, достигнаа до димензија на закана за нафтените постројки

1216476
Пожарите во областите под окупација на ЈПГ/ПКК во Сирија закана за нафтените постројки

Пожарите до кои што доаѓа во областите под окупација на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија, достигнаа до димензија на закана за нафтените постројки.

Народот смета дека за пожарите е одговорна сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Во населените места Кахтаније во северното рурално подрачје и Меркеде во јужното рурално подрачје и во руралните места на населеното место Камишли кај градот Хасеке, подрачје кое што е под окупација на оваа терористичка организација, во последните денови се појавија пожари на голем број ниви.

Во овие пожари беа зафатени земјоделски површини од приближно 50 илјади хектари, додека пожарот кој што избувна вчера во населеното место Кахтаније и почна да напредува кон постројките за рафинирање на нафтата, стана причина за паника меѓу народот.

Во месноста Бахоз кај градот Деир ез-Зор во источниот дел на Сирија пак, се појави пожар поради истреланите гранати од хаубици вчера од страна на терористите на ЈПГ/ПКК врз селата Немлије и Ебу Нитил.

Инаку, сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во последните 15 дена ги опожарува земјоделските поседи на арапското население кое живее во подрачјата на градовите Рака и Деир ез-Зор кои што ги држи под окупација.

Народот стражари на земјоделските поседи против терористичката организација која почна да ги опожарува и земјоделските поседи во подрачјето на градот Хасеке.

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК моментално држи под окупација една третина од териториите на Сирија.



Слични вести