Генералниот директор на ИЛО Гај Рајдер: Неопходна е реформа на Обединетите нации

Генералниот директор на Меѓународната органзиација за труд (ИЛО) Гај Рајдер на отворањето на 108. Меѓународна конференција за труд во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женеваја изнесе потребата од реформирање на светската организација

1216170
Генералниот директор на ИЛО Гај Рајдер: Неопходна е реформа на Обединетите нации

Генералниот директор на Меѓународната организација за труд (ИЛО) Гај Рајдер говореше на отворањето на 108. Меѓународна конференција за труд на Организацијата која што започна вчера во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во швајцарскиот град Женева.

Рајдер во своето излагање истакна дека мултилатералниот систем се наоѓа под притисок и ја изнесе потребата од реформирање на Организацијата на Обединетите нации (ООН).

Нагласувајќи дека моментално продолжува довербата кон Меѓународната органзација за труд (ИЛО) која оваа година ја одбележува својата 100 годишнина, Рајдер напомена дека на тоа укажува и учеството на повеќе од 40 шефови на држави и премиери на конференцијата која што ќе трае до 21 јуни.

Претседателот на ИЛО Гај Рајдер истакна дека мултилатералниот систем се наоѓа под притисок и рече: „Обединетите нации (ОН) треба да се реформираат.“

Рајдер потсети дека во светот постојат поделби и ја изнесе следната констатација: „Денеска во светот се уште постојат многу поделби, постои многу хаос. Дијалогот и сфаќањето помеѓу земјите како да не вознемируваат често.“  

Инаку, на 108. Меѓународна конференција на Организацијата за труд (ИЛО) која што започна вчера во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во швајцарскиот град Женева Турција ја претставува потпретседателот на државата Фуат Октај, а учествуваат и десетици шефови на држави и премиери меѓу кои се наоѓаат и францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.



Слични вести