Во судирите на ерменско-азербејџанската линија на фронтот загина еден азербејџански војник
Прекршувањето на примирјето се случи пред средбата на министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за одбрана на Азербејџан беше истакнато дека ерменската војска го прекрши примирјето и во огнот што беше отворен загина војникот Елшен Халилов.
Министерството на семејството на загинатиот војник му изрази сочувство.
Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи на Азербејџан во врска со настанот беше истакнато дека прекршувањето на примирјето се случи пред средбата на министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија и дека нападот беше извршен свесно и со намера од страна на ерменските поддржувачи на војната.
Нападот има за цел да го спречи преговарачкиот процес и да ги зголеми тензиите во регионот, поради што целата одговорност припаѓа на Ерменија, беше подвлечено во соопштението.
Слични вести

Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот
Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 71.820.000