Во нападите на Асадовите сили врз населените места во Идлиб од синоќа досега загинаа 6 цивили

Воени авиони на Асадовиот режим и на Русија извршија воздушни напади врз населените места во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ во Сирија, во кои загинаа 6 цивили, а 39 се ранети

1215822
Во нападите на Асадовите сили врз населените места во Идлиб од синоќа досега загинаа 6 цивили
idlib.jpg
idlib
idlib

Во реализирани напади од страна на воени авиони на режимот на Бешар Асад и Русија врз населените места во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ од синоќа загинаа 6 цивили, а 39 се ранети.

Воени авиони на Асадовиот режим и на Русија извршија воздушни напади врз населеното место Хан Шејхун, месноста Теманије и селата Шејх Идрис, Маршурин и Ет Тух во подрачјето на градот Идлиб и врз населените места Латамне и Зита во северното руралното подрачје на градот Хама.

Според објавени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки), на една нива на која работеле работници во населеното место Хан Шејхун и на еден пазар во селото Маршурин, животот во загубија 6 цивили, а 39 се ранети.

Опозициската опсерваторија за авиони во објавеното соопштение преку социјалната медија во врска со реализираните воздушни напади на населените места Хан Шејхун, Латамине и Кефер Зита привлече внимание дека овие области беа цел на руските воени авиони и ја сподели информацијата во која се вели следното: „Два руски воени авиони полетаа од Химејмим.“ 

Асадовиот режим и неговите потрошувачи, од потпишувањето на спогодбата за Идлиб помеѓу Турција и Русија на 17 септември 2018 година досега прекршувајќи го прекинот на огнот реализираат напади за време на кои се принудени да ги напуштат своите домови повеќе од 553 илјади цивили.

Асадовиот режим со поддршка на терористичките групи поддржани од Иран и со воздушна поддршка на Русија, со реализираните напади од широк обем кои што ги започна пред приближно еден месец врз "Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб", зазеде територија од околу 100 квадратни километри.

Воените опозиционери пак, за враќање на областите за кои што станува збор повремено реализираат операции против режимските сили. 



Слични вести