„Њујорк Тајмс“: Договорот помеѓу САД и Мексико е постигнат пред неколку месеци

Прашањето со договорот помеѓу САД и Мексико за илегалната миграција за кој што се дискутира најмногу во последните денови во американската јавност, со ова ново тврдење на весникот „Њујорк Тајмс“ доби една поразлична димензија

1215328
„Њујорк Тајмс“: Договорот помеѓу САД и Мексико е постигнат пред неколку месеци

Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ наведе дека постигнатиот договор во петокот за „спречување на илегалните мигранти“ всушност бил постигнат пред неколку месеци.

Прашањето со договорот помеѓу САД и Мексико за кој што се дискутира најмногу во последните денови во американската јавност, со ова тврдење на весникот „Њујорк Тајмс“ доби една поразлична димензија. 

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека на крајот на 11 часовните разговори помеѓу функционерите на Сади Мексико во петокот е постигнат договор, меѓутоа „Њујорк Тајмс“ тврди дека договорот бил постигнат во месец март.

„Њујорк Тајмс“ во веста ослонувајќи се на анонимни високи американски функционери, истакна дека на одржаните тајни разговори во Мајами во март американската секретарка за внатрешна безбедност Кирстјен Нилсен и нејзината мексиканска колешка Олга Санчез постигнале согласност во низа прашања.

Информирајќи дека повеќето од членовите на договорот по прашањето на граничната безбедност помеѓу САД и Мексико соопштен во петокот биле разгледани на тајните разговори во Мајами, „Њујорк Тајмс“ тврди дека воедно пред неколку недели Мексико им дало силно ветувања на САД по прашањето на одвраќање на илегалните мигранти. 

Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на веста на весникот „Њујорк Тајмс“ преку социјалната мрежа Твитер каде што напиша: „Уште една лажна вест од неуспешниот 'Њујорк Тајмс'. Ние долго време водевме напори за фрлање на неопходните чекори во врска со пограничната безбедност, меѓутоа до потпишување на договорот не можевме да постигнеме нешто конкретно од Мексико.“

Инаку, по одржаните преговори помеѓу двете земји американскиот претседател Доналд Трамп во петокот соопшти дека е постигнат договор со Мексико по прашањето на илегалните мигранти и дека заклучно со тоа се укинати царините за кои што се планираше да се спроведат кон оваа земја.



Слични вести