Напад во Мали

Од 2012 година наваму Мали е сцена на сепаратистички воени судири и терористички напади во северните и централните делови

1216023
Напад во Мали

Во нападот врз селото Догон во Мали загинаа над 100 лица.

Францускиот информативен канал Франс 24 во написот кој го објави врз основа на извори кои се базираат на Министерството за одбрана на Мали истакна дека во вооружениот напад врз селото во кое живеат припадници на етничката група Догон, загинаа над 100 лица.

Од 2012 година наваму Мали е сцена на сепаратистички воени судири и терористички напади во северните и централните делови.

Во вооружениот напад на 23 март на селото Огосагу на Фуланите од страна на вооружени лица кои носеа облека на ловечката група Дозос, загинаа 160, а 65 лица беа повредени. Во нападот беа опожарени и голем број куќи.

Досега мировната група МИНУСМА од 15 илјади војници која беше формирана под покровителство на ОН а во соработка со Франција која во операцијата „Баркане“ на Мали ангажираше 4 илјади војници, не е постигнат никаков успех на укинување на безбедносната закана на земјата.



Слични вести