Во автобуска несреќа во Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати загинаа 17 лица
Патнички автобус со омански таблички кој заминал за Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вчера во вечерните часови се забил во сообраќаен знак во Дубаи и во несреќата загинале 17 лица, а десетици патници меѓу кои и возачот на автобусот, биле повредени

Во несреќа на патнички автобус со омански таблички, во градот Дубаи во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) животот го загубиле 17 лица, а десетици патници меѓу кои и возачот на автобусот, биле повредени.
Во соопштението споделено преку социјалната мрежа на Националната компанија за транспорт на Оман се истакнува дека патнички автобус кој заминал за Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вчера во вечерните часови се забил во сообраќаен знак во Дубаи.
Во несреќата животот го загубиле 17 лица, а оманскиот возач на автобусот и десетици патници биле повредени.
Како што се истакнува истрагата во врска со оваа тешка сообраќајна несреќа продолжува и се вели дека се суспендирани сите автобуски линии на компанијата од Мускат за Дубаи.
Од друга страна, во веста емитувана на оманската телевизија беше истакнато дека двајца од загинатите биле Оманци, а останатите патници биле од други азиски и европски земји.
Слични вести

Шолц: „Сигурен сум дека Путин не може да победи“
Германскиот премиер изјави дека Путин ја потцени солидарноста и моќта на НАТО, Европската унија и Г7