Средба помеѓу Макрон и Трамп во францускиот град Каен

Францускиот претседател Емануел Макрон во францускиот град Каен се состана со американскиот претседател Доналд Трамп кој допатува по повод одбележувањето на 75-годишнината од истоварувањето во Нормандија Денот „Д“

1214545
Средба помеѓу Макрон и Трамп во францускиот град Каен

Францускиот претседател Емануел Макрон се состана со американскиот претседател Доналд Трамп кој допатува во Франција по повод одбележувањето на 75-годишнината од истоварувањето во Нормандија, Денот „Д“ со кое Европа беше спасена од нацистичката окупација.

Средбата помеѓу двајцата претседатели Макрон и Трамп се одржа во градот Каен.

Францускиот претседател Емануел Макрон на одржаната заедничка прес конференција пред средбата го нагласи значењето на соработката помеѓу неговата земја и САД во Африка, на Блискиот исток и во однос на меѓународни прашања.

Велејќи дека чувствува задоволство од посетата на Трамп на Франција, Макрон рече: „Вашето присуство овде (на церемонијата) е доказ за нераскинливата врска помеѓу двете нации.“

Макрон напомена дека неговата земја располага со силна врска со САД.

Подвлекувајќи дека на средбата со Трамп ќе се разговара за Иран, Блискиот исток и меѓународни прашања, францускиот претседател Емануел Макрон додаде дека значајно е да се располага со заеднички поглед со Трамп по овие наведени прашања.

Американскиот претседател Доналд Трамп исто така го изрази своето задоволство од престојот во Франција и учеството на церемонијата.

Тој истакна дека помеѓу Франција и САД постои една исклучителна и извонредна врска и големо партнерство.

Нагласувајќи дека не сака Иран да располага со нуклеарно оружје, Трамп рече: „Кога станав претседател Иран беше терористчка земја и се уште е таква.“

„Го споделуваме истиот став со Франција по ова прашање“ - рече Тој.

Американскиот претседател Доналд Трам напомена дека санкциите кои што се спроведуваат против Иран променија многу нешта и додаде дека Иран сака да разговара со него и дека и Тој е спремен да разговара.



Слични вести