Според опозициски извори бројот на загинатите во Судан изнесуа 108 лица

Во објавеното соопштение на сметката на Комитетот на суданските лекари преку социјалната мрежа Фејсбук се вели следното: „Бројот на загинатите во нередите во Судан достигна до 108 лица, а над 500 лица се повредени.“

1214465
Според опозициски извори бројот на загинатите во Судан изнесуа 108 лица

Суданските опозициски лекари тврдат дека бројот на загинатите за време на интервенцијата на безбедносните сили врз демонстрантите во понеделникот и нередите до кои дојде потоа во главниот град Картум, се зголеми на 108 лица.

Во објавеното соопштение на сметката на Комитетот на суданските лекари преку социјалната мрежа Фејсбук се вели следното: „Бројот на загинатите во нередите во Судан достигна до 108 лица, а над 500 лица се повредени.“

Во вчерашното соопштение објавено од страна на Комитетот, се тврдеше дека освен над 100 загинати лица, од реката Нил од страна на војниците биле извлечени приближно 40 мртви тела кои биле однесени во непознато место. 

Според официјалните судански органи бројот на загинатите не изнесува над 46 лица

Вршителот на должноста министер за здравство на Судан Сулејман Абудулџабар во дадената изјава за официјалната новинска агенција „СУНА“ ги демантира бројките за загинати споделувани од страна на опозициски извори преку социјалните медиуми и рече: „Бројот на загинати во операциите на заедничките сили лојални на армијата во областа  Колумбија и потоа не изнесува повеќе од 46 лица.“

Инаку, преку социјалните медиуми на опозиционерите постојано се споделуваат информации во врска со бројот на загинатите и повредените по интервенцијата на безбедносните сили, додека од страна на официјални судански органи до вчера утрото не беше објавено било какво соопштение за бројот на загинати и повредени.



Слични вести