Предупредување од ОН во врска со насилството во северозападниот дел на Сирија

Искусната хуманитарна советничка на специјалниот претставник Обединетите нации (ОН) за Сирија Нажат Рошди предупреди дека доколку не престане насилството во северозападниот дел на Сирија ќе дојде до голема хуманитарна катастрофа

1214631
Предупредување од ОН во врска со насилството во северозападниот дел на Сирија

Нажат Рошди, искусната хуманитарна советничка на специјалниот претставник Обединетите нации (ОН) за Сирија, во објавеното писмено соопштение во врска со градот Идлиб и бегалските кампови во Ал Хол и Рукбан привлече внимание на растечките напади во ова подрачје во последните недели.

Рошди предупреди дека доколку не престане насилството во северозападниот дел на Сирија ќе дојде до голема хуманитарна катастрофа. 

Велејќи дека во врска со страотната безмилосност која што се доживува во северозападниот дел на Сирија добиваат извештаи од прва рака од персоналот на Обединетите нации (ОН) од теренот, Рошди ја изнесе следната констатација: „3 милиони луѓе во Идлиб имаат потреба од заштита. Доколку не престане насилството, ќе се соочиме со една голема хуманитарна катастрофа.“ 

Таа упати повик до сите страни кои војуваат да ги исполнат своите обврски кои што произлегуваат од меѓународното право, а воедно истакна дека треба веднаш да бидат сопрени нападите врз цивилите и цивилната инфраструктура кои што ќе доведат до извршување на воено злосторство, вклучувајќи ги и нападите врз здравствените установи, училиштата, пазарите и верските објекти.

Нажат Рошди привлече внимание и на ситуацијата во бегалските кампови Ал Хол и Рукбан во северозападниот дел на Сирија во врска со што рече: „Илјадници луѓе кои биле принудени на иселување имаат потреба од итна помош и заштита.“

Рошди нагласи дека заштитата на цивилите е позначајно од се друго.



Слични вести