Опозиционерите во Судан тврдат дека бројот на загинатите се зголеми на 113 лица

Суданските опозициски лекари тврдат дека бројот на загинатите во главниот град Картум се зголеми на 113 лица, додека суданското министерство за здравство соопшти дека бројот на загинати изнесува 61 лице

1214704
Опозиционерите во Судан тврдат дека бројот на загинатите се зголеми на 113 лица

Суданските опозициски лекари тврдат дека бројот на загинатите за време на интервенцијата на безбедносните сили врз демонстрантите во понеделникот во главниот град Картум, се зголеми на 113 лица.

Во објавеното соопштение на сметката на Комитетот на суданските лекари преку социјалната мрежа Фејсбук се вели следното: „Поради прекинот на интернетот и притисоците кои што се вршат врз лекарите тек наново дојдовме до информацијата за загинатите од среда досега. Со смртта на уште 5 лица од кои четворица во Порт Судан и едно лице во Картум кои се убиени со куршумите истрелани од страна на милициските сили Џанџавит и на Преодниот воен совет бројот на загинатите се зголеми на 113 лица, а има и над 500 повредени.“

Суданското министерство за здравство пак, соопшти дека бројот на загинатите изнесува 61 лице.

Во објавеното соопштение од страна на министерството за официјалната новинска агенција „СУНА“ се истакнува дека за време на интервенцијата врз демонстрантите пред штабот на армијата во првиот ден животот го загубија 13 лица, а останатите потоа во наредните денови. 

Инаку, суданските безбедносни сили во понеделник утрото употребија вистински куршуми и солзавец врз демонстрантите опозиционери кои од 6 април досега се во стража на демократијата пред штабот на армијата во главниот град Картум и бараат управата во земјата да и се предаде на цивилната волја. 

 



Слични вести