ЕУ го повик Судан да покаже воздржаност и да се поведе истрага во врска со насилствата

Во објавеното писмено соопштение од канцеларијата на високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини се упатива повик до Судан да покаже воздржаност и се бара да се поведе истрага во врска со насилствата во последните денови

1214509
ЕУ го повик Судан да покаже воздржаност и да се поведе истрага во врска со насилствата

Европската унија (ЕУ) го повика Судан да покаже воздржаност и да се поведе истрага во врска со насилствата во последните денови во оваа источноафриканска држава.

Во објавеното писмено соопштение од канцеларијата на високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини се истакнува дека суспендирањето на членството на Судан од страна на Советот за мир и безбедност на Африканската унија (АУ) ги изнесе неопходните критериуми за повторна изградба на мирот во оваа земја.

Во соопштението се упатува повик за ослободување на сите судански граѓани кои се уапсени поради политички причини и се истакнува дека треба итно да се стави крај на насилството и да се поведе доверлива истрага во врска со последните случувања.

Во истото соопштение се нагласува дека значајно е да се применува повикот на Африканската унија (АУ) во однос на тоа дека странските сили треба да избегнуваат од интервенција во Судан, а воедно се подвлекува и изјавата на Африканската унија (АУ) во врска со тоа дека можат да се применуваат кривични санкции против лицата кои го попречуваат предавањето на управата во Судан на цивилната волја.

Инаку, суданските безбедносни сили за растерување на демионстрантите кои во понеделникот наутро беа собрани пред штабот на армијата во главниот град Картум, употребија вистински куршуми и солзавец.

Потоа Комитетот на суданските лекари соопшти дека бројот на загинатите досега изнесува 108 лица, додека суданското министерство за здравство истакна дека бројот на загинатите не изнесува повеќе од 46 лица.



Слични вести