Абдулкадир бин Салих ќе остане на должност до одржување на претседателските избори во Алжир

Привремениот претседател на Алжир Абдулкадир бин Салих истакна дека согласно одлуката за откажување на претседателските избори за кои што се планираше да се одржат на 4 јули, ќе продолжи да ја извршува претседателската функција се до одржување на изборите

1214576
Абдулкадир бин Салих ќе остане на должност до одржување на претседателските избори во Алжир

Привремениот претседател на Алжир Абдулкадир бин Салих истакна дека ќе продолжи да ја извршува претседателската функција се до изборот на новиот претседател.

Абдулкадир бин Салих во дадената изјава за алжирската државна телевизија истакна дека согласно одлуката за откажување на претседателските избори за кои што се планираше да се одржат на 4 јули и продолжување на неговиот претседателски мандат, ќе продолжи да ја извршува претседателската функција се до одржување на изборите.

Освен тоа, Бин Салих упати повик до политичките средини во Алжир за водење разговори за воспоставување на неопходната конструктивна средина за одржување на претседателските избори во најскоро време.

Инаку, Уставниот совет на Алжир во недела соопшти дека се откажуваат претседателските избори за кои се планираше да се одржат на 4 јули, а како што истакна поради тоа што кандидатите се личности кои што не се доволно познати во јавноста и поради тоа што не ги поднеле сите неопходни документи за кандидирање, така да побара да се комплетира изборниот процес.

Во меѓувреме од страна на армијата и управата се упатува повик за што поскоро одржување на претседателските избори.

Исто така и граѓанските организации и опозицијата во Алжир бараат петседателските избори да се одржат по периодот на транзиција. 

 



Слични вести