Во Северна Сина во Египет убиени 14 од напаѓачите кои вчера извршија напад на безбедносен пункт
Биле убиени 14 од напаѓачите кои вчера извршија напад на безбедносен пункт во провинцијата Северна Сина на Синајскиот полуостров

Египет соопшти дека се убиени 14 од напаѓачите кои вчера извршија напад на безбедносен пункт во провинцијата Северна Сина на Синајскиот полуостров.
Во објавенотопуисмено соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека било утврдено дека терористите кои го извршиле нападот на безбедносниот пункт на југот на градот Ариш се криеле во една напуштена куќа во областа Ел-Месаид и во вооружениот судир до кој што дошло за време на реализираниот упад на безбедносните сили биле убиени 14 од напаѓачите.
Египетската државна телевизија во веста што ја емитуваше вчера соопшти дека терористите нападнале еден безбедносен пункт на југот на градот Ариш и дека во вооружениот судир до кој што дошло потоа загинале 8 мина полицајци меѓу кои имало и офицери, а 5 мина терористи биле неутрализирани.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.