Церемонија во Франција по повод 75-годишнината од Денот „Д“, истоварувањето во Нормандија

На церемонијата што се одржа во француската општина Вер-Сур-Мер и чиј домаќин беше францускиот претседател Емануел Макро, учествуваа и британската премиерка Тереза Меј

1214346
Церемонија во Франција по повод 75-годишнината од Денот „Д“, истоварувањето во Нормандија

Во Франција денеска се одржа церемонија по повод 75-годишнината од истоварувањето во Нормандија, како значајно место во спасувањето на Европа од нацистичката окупација со кое беше променет и текот на Втората светска војна.

На церемонијата што се одржа во француската општина Вер-Сур-Мер и чиј домаќин беше францускиот претседател Емануел Макро, учествуваше британската премиерка Тереза Меј.

Овде францускиот претседател Емануел Макрон одржа кус говор во кој истакна дека овде во спомен на 25 илјади војници кои се бореа за Франција ќе се изгради британски споменик и рече дека оваа одлука беше донесена минатата година заедно со Меј.

Британската премиерка Тереза Меј исто така му се заблагодари на Макрон за овој споменик.

Потоа двајцата лидери Макрон и Меј го поставија првиот камен темелник на местото каде што ќе биде изграден споменикот.

Потоа, домаќинот францускиот претседател Емануел Макрон го пречека американскиот претседател Доналд Трамп на американските гробишта во покраината Колевил-Сур-Мер.

Инаку, истоварувањето во Нормандија со кое беше променет и текот на Втората светска војна, беше реализирано на 6 јуни 1944 година кога 160 илјади сојузнички сили на САД, Велика Британија и Канада се пристигнаа на северниот брег на Франција (Нормандија) кој беше под окупација на нацистичка Германија.



Слични вести