Трамп по посетата на Велика Британија ја посети Ирска и се состана со премиерот Лео Варадкар

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Даблин дека состојбата со границата на Ирска ќе биде „добра“ по Брегзит, откако Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија (ЕУ)

1214180
Трамп по посетата на Велика Британија ја посети Ирска и се состана со премиерот Лео Варадкар

Американскиот претседател Доналд Трамп по остварената државна посета на Велика Британија каде што допатува на покана на британската кралица Елизабета Втора, оттука замина во посета на Ирска.

Трамп на аеродромот Шанон во Даблин се состана со ирскиот премеир Лео Варадкар и во оваа пригода даде куса изјава за новинарите.

Алудирајќи на иницитјативата за изградба на ѕид на границата на неговата земја со Мексико, Трамп истакна дека исто како во САД и во Ирска постои како што рече „гранично прашање“.

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека оваа состојба ќе биде „добра“ по Брегзит, откако Велика Британија ќе ја напушти Европската унија (ЕУ) и рече: „Воопшто не мислам дека границата ќе биде проблем“. 

На изјавата на ирскиот премиер Лео Варадкар дека не сакаат по Брегзит да се формира повторно граница помеѓу Ирска и Северна Ирска како дел од Обединетото Кралство, Трамп рече: „И ние не сакаме да дојде до тоа.“

Американскиот претседател Доналд Трамп одговори и на критиката на ирскиот претседател Мајкл Хигинс околу тоа дека ставот на САД по прашањето на климатските промени е „опасен и невнимателен“, во врска со што истакна дека неговата земја е како што рече „нерасипана“ од аспект на екологијата.

 

 

 

 

 

aa/tuğba



Слични вести