Портпаролката на Стејт департментот Ортагус: САД ги осудуваат нападите врз цивилите во Судан

Портпаролката на Стејт департментот Морган Ортагус го осуди извршениот масакр од страна на суданските безбедносни сили врз десетици цивили и упати повик власта во оваа источноафриканска држава да и се предаде на цивилната волја

1214168
Портпаролката на Стејт департментот Ортагус: САД ги осудуваат нападите врз цивилите во Судан

Портпаролката на американскиот државен секретаријат Морган Ортагус објави писмено соопштение во врска со насилствата кои што се доживуваат во Судан и политичкиот процес во оваа земја.

Ортагус го осуди извршениот масакр од страна на суданските безбедносни сили врз десетици цивили и упати повик власта во оваа источноафриканска држава да и се предаде на цивилната волја. 

Таа рече: „САД ги осудуваат нападите врз цивилите во Судан. Го изразуваме нашето сочувство до сите загрозени и до семејствата кои ги изгубиле своите сакани.“

Од друга страна, портпаролката на Стејт департментот Морган Ортагус нагласи дека власта во земјата треба да и се предаде на цивилната волја и рече: „Ги повикуваме Преодниот воен совет на Судан и Силите за брза поддршка да се откажат од насилството. Сакаме повторно да се воспостави комуникација со Силите за слобода и промена, а за да се воспостави цивилна политичка транзиција со која што ќе му се овозможи на суданскиот народ слободно да се изрази себе си. Исто така го поддржуваме соопштението на Советот за мир и безбедност на Африканската унија од 30 април.“ 

Ортагус истакна дека, заедно со тоа САД чувствуваат задоволство од повикот за дијалог упатен од страна на Африканската унија, Египет и Саудиска Арабија во врска со настаните во Судан и наведе дека САД се во блиска солидарност со суданскиот народ.

Од друга страна, министерот без ресор на Саудиска Арабија задолжен за односите со Африка Ахмед Катан истакна дека неговата земја нема да дозволи Судан да се вовлече во граѓанска војна.

Катан во дадената изјава за телевизискиот канал „Ал Арабија“ со седиште во Саудиска Арабија, направи проценка на изјавите на Преодниот воен совет на Судан во однос на тоа дека е спремен за преговори со опозиционерите во земјата.

Тој рече: „Стабилноста и безбедноста на Судан се наша цел. Суданскиот народ и ние нема да дозволиме земјата да се вовлече во вителот на граѓанската војна и хаосот кои ќе бидат во прилог на теророт и екстремистичките сили.“

Ахмед Катан ги повика Суданците да покажат здрав разум и дијалогот и интересите на Судан да ги држат над се, а воедно напомена дека управата на Саудиска Арабија ќе биде покрај Судан се до воспоставувањето на безбедноста и стабилноста во оваа земја.

Инаку, претседателот на Преодниот воен совет на Судан генерал на армија Абдулфетах ал-Бурхан вчера изјави дека се спремни за започнување на преговорите и отворање на нова страница со Силите на декларацијата за слобода и промена кои ги предводат опозициските демонстранти. 

 



Слични вести