ЕУ го одобри покачувањето на цената на апликациите за виза од 60 евра на 80 евра

Европскиот совет соопшти дека е усвоена регулативата за поскапување на цената на апликациите за виза од 60 евра на 80 евра

1214350
ЕУ го одобри покачувањето на цената на апликациите за виза од 60 евра на 80 евра

Советот на Европската Унија (ЕУ) го одобри поскапувањето на цената на апликациите за виза од 60 евра на 80 евра.

Европскиот совет соопшти дека е усвоена регулативата за поскапување на цената на апликациите за виза.

Согласно тоа, ќе биде направена промена во цената на апликациите за виза за патување која што Европската унија (ЕУ) ја применува кон граѓаните на над 100 земји.

Во тие рамки, цената на апликациите за виза за патување во земјите на ЕУ од 60 евра ќе се покачи на 80 евра.

Од друга страна, апликациите за виза ќе може да се доставуваат шест месеци пред патувањето во земјите на ЕУ.

Оваа претходно ратификувана регулатива од страна на Европскиот парламент (ЕП), ќе стапи во сила шест месеци по нејзиното објавување во Службениот весник на ЕУ.

 

 



Слични вести