Бројот на регистрирани случаи на епидемија на мали сипаници во САД се зголеми на над 1000

Центарот за контрола и превенција на болести во САД ги соопшти актуелните бројки во врска со епидемијата на мали сипаници која што е евидентирана во голем број сојузни држави, а пред се во Њујорк

1214117
Бројот на регистрирани случаи на епидемија на мали сипаници во САД се зголеми на над 1000

Бројот на регистрирани случаи на зараза поради епидемија на мали сипаници која што продолжува од почетокот на 2019 година во голем број сојузни држави во Соединетите Американски Држави (САД), а пред се во Њујорк, изнесува над илјада.

Центарот за контрола и превенција на болести во САД ги соопшти актуелните бројки во врска со епидемијата на мали сипаници која што е евидентирана во голем број сојузни држави.

Според тоа, бројот на евидентирани случаи на заболени лица од мали сипаници во 26 сојузни држави, а пред се во Њујорк изнесува 1001.

Освен тоа се наведува дека новите евидентирани бројки на случаи претставуваат највисок процент во последните 27 години.

Инаку, Соединетите Американски Држави (САД) во 2000'та година соопштија дека епидемијата на мали сипаници е целосно поразена, меѓутоа годинава оваа болест се појави повторно.

Поради болеста мали сипаници која што се прошири во градот Њујорк и тоа особено во областите каде што живеат претежно Евреи, на почетокот на овој месец беше прогласена итна здравствена состојба.



Слични вести