Активистите опозиционери во Судан: Бројот на загинатите изнесува многу повеќе од 100 лица

Опозицискиот комитет на суданските лекари соопшти дека бројот на шехидите (загинатите) во насилствата во Судан ја надмина бројката од 100, меѓутоа вистинската бројка е многу повеќе и од 100 лица

1214321
Активистите опозиционери во Судан: Бројот на загинатите изнесува многу повеќе од 100 лица

Активистите опозиционери во Судан наведуваат дека бројот на загинатите за време на интервенцијата на безбедносните сили во понеделникот во главниот град Картум врз демонстрантите изнесува многу повеќе од 100 лица.

Во објавеното писмено соопштение од Опозицискиот комитет на суданските лекари се вели следното: „Бројот на шехидите (загинатите) во насилствата во Судан ја надмина бројката од 100, меѓутоа вистинската бројка е многу повеќе и од тоа. Се соочуваме со тешкотии во утврдувањето на точните бројки.“

Во соопштението се истакнува дека вчера биле извлечени од реката Нил мртвите тела на 40 лица кои го загубија животот за време на интервенцијата на армијата пред два дена и овие мртви тела биле однесени во непознато место од страна на Силите за брза поддршка.

„На тој начин, бројот на насилствата изнесува многу повеќе од 100 лица“, - се наведува во соопштението.

 



Слични вести