Зеленски: „Украина е спремна за преговори со Русија“

Спремни сме да го спроведеме Договорот од Минск

1213715
Зеленски: „Украина е спремна за преговори со Русија“

Претседателот на Украина Владимир Зеленски рече дека целите за пристапување во НАТО и Европската унија не се променети и дека се отворени за преговори со Русија.

По изборот за претседател на Украина, Зеленски првата надворешна посета на ја оствари на Брисел каде што по средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг одржаа заедничка прес конференција и одговараше на прашањата.

Зеленски во оваа прилика рече дека нема промени во целите на Украина како што се пристапување во НАТО и ЕУ и потенцираше дека земјата ќе ја држи на патот за евроатланските интеграции.

Во врска со напнатоста со Русија Зеленски рече:

„Ние сме спремни на преговори со Русија. Спремни сме да го спроведеме Договорот од Минск. Паралелно со тоа за да можеме да се заштитиме и браниме треба да зајакнеме на економски, политички и воен план“.

Генералниот секретар на НАТО Столтенберг рече дека Украина е значаен партнер и изрази благодарност за значајниот придонес на мисиите на НАТО во Авганистан и Косово.

НАТО ќе продолжи со силната поддршка на територијалниот интегритет и сувереноста на Украина рече Столтенберг потенцирајќи дека сојузничките земји не ја признаваат незаконската анексија на Крим од страна на Русија и остро го осудуваат агресивниот став на оваа земја во Црното Море.“

Во рамките на посетата на Брисел Зеленски оствари средба и со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер која беше затворена за печатот.



Слични вести