Исчезна воен авион на индиската авиокомпанија

Властите потенцираа дека на маршрутата на летање на авионот се наоѓа планинско и шумско подрачје

1213230
Исчезна воен авион на индиската авиокомпанија

Воениот транспортен авион АН-32 на Индиските воздушни сили заедно со 13 члениот екипаж исчезна во воздушниот простор на Индија.

Според изјавата на претставници на провинцијата за Агенцијата Анадолија (АА), воениот транспортен авион од типот АН-32 на Индиските воздушни сили околу пладневните часови од аеродромот во подрачјето Жорхат во провинцијата Асам полета за воениот аеродром во подрачјето Мечхуја во провинцијата Аруначал Прадеш, не пристигнал.

Властите соопштија дека не можеле да воспостават безжичен контакт со 13 члениот екипаж на авионот, поради што продолжуваат активностите за пребарување и спасување.

Властите потенцираа дека на маршрутата на летање на авионот се наоѓа планинско и шумско подрачје, поради што постои голема веројатност авионот при слетување да се расипе или поради грешка во пресметката за слетување да падне.



Слични вести