Вооружен напад во сојузната држава Вирџинија во САД: Загинаа 12 лица, а четворица се ранети

Вработен во локалната управа на градот Вирџинија Бич во сојузната држава Вирџинија во САД, влегол во зградата на градската управа каде што пукал наоколу и убил 12, а ранил 4 лица, по што бил застрелан од страна на полицијата

1212446
Вооружен напад во сојузната држава Вирџинија во САД: Загинаа 12 лица, а четворица се ранети

Во извршен вооружен напад во зграда на локалната управа на градот Вирџинија Бич во сојузната држава Вирџинија во Соединетите Американски Држави (САД) животот го загубија 12 лица, а 4 лица се ранети.

Според вестите објавени во медиумите во САД, еден вработен во локалната управа на Вирџинија Бич во попладневните часови влегол во зградата и почнал да пука наоколу.

Шефот на полицијата Џејмс Кервера изјави за новинарите дека во нападот животот го загубија 12 лица, а 4 лица се ранети.

Кервера истакна дека напаѓачот бил застрелан од страна на полицијата по долга вооружена престрелка.

Продолжува истрагата на  безбедносните сили која што беше започната во врска со инцидентот. 

Гувернерот на Вирџинија Брич Боби Диер во врска со инцидентот рече: "Овој случај претставува најпроклетен ден во историјата на Вирџинија Бич."

Во објавеното соопштение од Белата куќа пак, се нагласува дека претседателот Доналд Трамп бил информиран по прашањето и дека го следи одблизу случајот.



Слични вести